Макрон: Најдовме компромисно решение за спорот меѓу С. Македонија и Бугарија

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Францускиот претседател од Мадрид изјави дека е најден компромис за спорот меѓу Скопје и Софија, со кое треба да се одблокира процесот за отпочнување преговори за членство на Македонија во ЕУ.

„Мислам дека најдовме компромисно решение што ја зема предвид чувствителноста на двете страни. Во Бугарија предлогот е прифатен од претседателот и премиерот и сега оди на разгледување во Македонија“, кажа Макрон на прес-конференција на НАТО самитот во Шпанија.

Макрон не соопшти детали за решението, но спомна дека предлогот е доставен до министерот за надворешни работи Бујар Османи и дека тој ќе се разгледува во македонските институции.

Од Владата потврдија дека попладнево пристигнал предлог со идеи од француското претседателство со ЕУ.

„Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата“, соопштуваат од Влада.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира