Општина Крушево објавува јавен оглас за продажба на три возила: Опел Вектра, Рено Канго и ФАП. За купување на овие возила можат да се пријават сите правни и физички лица. Деталите во однос на пријава за учество во јавно наддавање заедно со останатите услови и информации за огласот можете да ги најдете во документот подолу.
„Со оттуѓување на овие возила сакаме дополнително да заштедиме во време на криза. Исто така, на општината и на ЈП „Комуна“ Крушево им се потребни возила кои ќе бидат понови и со тоа поекономични. Ова е време во кое мора трошоците да се сведат на минимум, но истовремено обврските остануваат исти или се зголемуваат.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на Општина Крушево врз основа на член 3, 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 46, 47, 48, 49 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), Одлуката за оттуѓување на движни ствари-моторни возила во сопственост на Општина Крушево донесени од Советот на Општина Крушево бр.08-528/8 од 11.04.2022 година и проценката на вредноста на транспортните средства пр.бр.139/2022 во сопственост на Општина Крушево изработени од ТД „Генико“-Прилеп, објавува продажба на движни ствари-патнички моторни возила со електронско јавно наддавање, согласно табеларниот преглед:
Ред.Бр | Податоци за возилото | Проценета почетна цена | Банкарска гаранција 2% | Почеток
час |
1 | Патничко моторно возило М1, АА-лимузина, марка OPEL, тип VECTRA B, бр. на шасија W0L08F19Y1120453, бр. на мотор 20N08213, ознака на мотор X18XE1, сила на моторот 85KW, регистриран до 22.08.2021 година, сообраќајна дозвола МК1193690. Регистарски таблички KS 0734 AB, година на производство 2000 година | 46.125,00 ден. | 923,00 ден. | 11:00 |
2 | Товарно моторно возило N1, фургон, марка RENAULT, тип KANGOO, бр. на шасија VF1FC1DAF40405122, број на мотор F056941, ознака на мотор D4FF730, сила на моторот 55KW, регистриран до 30.07.2022 година, сообраќајна дозвола МК 1477589. Регистарски таблички BT 2274 UB, година на производство 2008 година | 166.050,00 ден. | 3.321,00 ден | 12:00 |
3 | Товарно моторно возило N1, SG-возило за специјална намена ПРОТИВПОЖАРНО, марка FAP, тип 1314F, бр.на шасија 68641, број на мотор 98523, сила на моторот 106KW, регистриран до 17.09.2006, сообраќајна дозвола МК 0849324.
Регистарски таблички BT 917 UC, година на производство 1978 година |
55.965,00 ден. | 1.119,00 ден. | 13:00 |
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ
Предмет на Јавното електронско наддавање се патнички моторни кои се сопственост на Општина Крушево, согласно табеларниот преглед.
ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Електронското јавно наддавање за продажба на движните ствари ќе се одржи на ден 29.07.2022 година со почеток во 11:00 часот, 12:00 часот и 13:00 часот. Електронското јавно наддавање ќе се одржи на интернет www.e-stvari.com.mk.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Заинтересираните лица можат да учествуваат за едно, две или за трите возила со поднесување на пријава за учество за секое возило поединечно.
Разгледување на возилата заинтересираните лица ќе можат да извршат на ден 18.07.2022год. во периодот од 10:00 до 15:00 часот во Општина Крушево.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните правни и физички лица електронски поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање, која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во објавата. (За да може да поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната www.e-stvari.mk). Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени електронски јавни наддавања спроведени преку овој систем за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка – од учество во постапка која ја спроведувала било која општина.
Доказите кои е потребно да се достават кон пријавата за електронското јавно наддавање, регистрираното лице е должно да ги прикачи во системот во скенирана копија на оригиналот во PDF формат, и тоа:
- Пријава со Изјава за прифаќање на условите што се дадени во Објавата;
- Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност на стварите од објавата, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски, банкарската гаранција за сериозност на понудата треба во писмена форма (во оригинал) да се достави на адреса – Општина Крушево ул.„Никола Ѓурковиќ“бб Крушево со назнака за Комисија за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Крушево (НЕ ОТВАРАЈ“. Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма до комисијата ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.
- Доказ за идентитет за правни лица;
- тековна состојба од Централен регистар на Р.М. – не постара од шест месеци (за домашни правни лица);
- извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);
- Доказ за идентитет на физички лица:
- копија од лична карта или патна исправа;
- Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната www.e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.
Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат.
РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Рокот за поднесување на пријава за учество на јавното наддавање е 15 дена од денот на објавување на објавата, заклучно со 25.07.2022 година (Понеделник), до 15:00 часот.
БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да биде со рок до 31.09.2022 година.
ПОСТАПКА
Јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена за продажба на движната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја прифати или наддаде почетната цена за продажба на движната ствар.
Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат почетната цена за продажба на движната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено, се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на движната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на движната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на движната ствар повторно се намалува за 2% од почетната цена на движната ствар.
Намалувањето на вредноста на движната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по прв пат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
Намалувањето на вредноста на движната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по втор пат може да биде најмногу до 30%, доколку на јавното наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник, а доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници, намалувањето на вредноста на движната ствар може да биде до најмногу 50% од проценетата вредност.
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движната ствар.
Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата на трезорска сметка бр.100000000063095, Банка на примачот НБРМ, уплатна сметка 840 140 06548 приходно шифра 731117 и програма 00, во согласност со постигната крајна цена. Доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните ствари.
Со најповолниот понудувач, во рок од 15 работни дена по извршената уплата на постигнатата највисока продажна цена на движната ствар, се склучува Договор за продажба на движната ствар. Договорот во рок од 30 дена купувачот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на купувачот.
НАПОМЕНА: Трошоците за превземањето и транспортирањето на возилото од местото каде што се наоѓа до купувачот ќе ги сноси самиот купувач.
Оваа објава ќе биде објавена на web страната на Општина Крушево www.krusevo.gov.mk.
Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од 3 дена од одржување на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со Решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.
Против Решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Детални информации врзани за објавата можат да се добијат кај членовите на Комисијата на телефон 048/477-061.
Комисија за располагање со недвижни и движни ствари на Општина Крушево
Изјава со која што се прифаќаат условите дадени во објавата
И З Ј А В А
Јас долупотпишаниот/назив _______________________________________________, од __________________, ул./седиште_______________________ бр.________, со ЕМБГ/ЕДБ _________________________ во својство на понудувач под полна материјална и кривична одговорност ИЗЈАВУВАМ дека со поднесувањето на Пријавата ги прифаќам условите што се дадени во Објава бр.01/2022 за за продажба на движни ствари-патнички моторни возила по пат на елекронско јавно наддавање (прв пат) 03-____/1 од _____.2022 год. објавен од страна на Општина Крушево на ден 09.01.2018 година во дневните весници и на страницата www.e-stvari.mk.
Место и датум
_______________.2022 год. |
Изјавил/Понудувач
____________________ (потпис) |
До ОПШТИНА Крушево Комисија за недвижни и движни ствари на Општина Крушево
ПРИЈАВА
1. | ПОДАТОЦИ за
Подносителот на Пријавата: |
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
( физичко лице –домашно или странско )
|
НАЗИВ НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ
( правно лице – домашно или странско ) |
||
АДРЕСА ОД ЛИЧНА КАРТА:
( за физичко лице ) |
|
||||
ЕМБС ( за правно лице ) |
|||||
СЕДИШТЕ НА
ПРАВНОТО ЛИЦЕ: ( за правно лице ) |
|
||||
2. | ПОДАТОЦИ ЗА
КОНТАКТ: |
Домашен
Телефон: |
Мобилен телефон
|
Е-маил адреса:
(задолжително)
|
|
Се пријавувам за учество на електронско јавно наддавање за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање, согласно Објава број 01/2022
За движните ствари (заокружете реден број)
Реден број | Движна ствар | Количина |
1 | Патничко моторно возило М1, АА-лимузина, марка OPEL, тип VECTRA B, бр. на шасија W0L08F19Y1120453, бр. на мотор 20N08213, ознака на мотор X18XE1, сила на моторот 85KW, регистриран до 22.08.2021 година, сообраќајна дозвола МК1193690. Регистарски таблички KS 0734 AB, година на производство 2000 година | 1 |
2 | Товарно моторно возило N1, фургон, марка RENAULT, тип KANGOO, бр. на шасија VF1FC1DAF40405122, број на мотор F056941, ознака на мотор D4FF730, сила на моторот 55KW, регистриран до 30.07.2022 година, сообраќајна дозвола МК 1477589. Регистарски таблички BT 2274 UB, година на производство 2008 година | 1 |
3 | Товарно моторно возило N1, SG-возило за специјална намена ПРОТИВПОЖАРНО, марка FAP, тип 1314F, бр.на шасија 68641, број на мотор 98523, сила на моторот 106KW, регистриран до 17.09.2006, сообраќајна дозвола МК 0849324.
Регистарски таблички BT 917 UC, година на производство 1978 година |
1 |
Како прилог Ви ги доставувам следните документи :
- Пријава со Изјава за прифаќање на условите што се дадени во Објавата 01/2022;
- Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност на стварите од објавата, за учество на јавното наддавање.
Покрај електронски, банкарската гаранција за сериозност на понудата треба во писмена форма (во оригинал) да се достави на адреса – Општина Крушево ул.„Никола Ѓурковиќ“бб Крушево со назнака за Комисија за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Крушево (НЕ ОТВАРАЈ“. Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма до комисијата ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.
- Доказ за идентитет за правни лица;
- тековна состојба од Централен регистар на Р.М. – не постара од шест месеци (за домашни правни лица);
- извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);
- Доказ за идентитет на физички лица:
- копија од лична карта или патна исправа;
- Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната www.e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.
Со поднесување на пријавата ги прифаќам условите што се дадени во објавата.
Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.
Дата Подносител
________2022 год. _________________