Косење на полетувалиште во Крушево во пресрет на неколку параглајдинг првенства


ЈП „Комуна“ го коси полетувалиштето за параглајдинг во пресрет на неколкуте меѓународни натпревари кои треба да се одржат ова лето.

„Комуна придонесува и во развој на туризмот. Нашата активност ќе го направи полетувањето на натпреварувачите безбедно, особено за заштита на падобраните. Продолжуваме да работиме на косење во градот и на локации каде ќе се одржуваат настаните дел од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ во пресрет на празникот Илинден.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Покрај косење на трева на јавни површини „Комуна“ работи на хортикултурно уредување на градскиот парк и плоштадот, санираше улица во центарот на Крушево и чистење на спортскиот центар „Езеро“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи