Од 21-24 јули 2022 година во хотел Метропол Охрид се одржа Втората лига на Македонија во шах каде што учествуваа 12 екипи кои беа поделени во две групи по 6 екипи. Екипата на ШК Пелагон беше во А групата заедно со минатогодишните скопски прволигашки клубови ШК Карпош и ШК 4 Ноември, ШК Ласкер од Охрид, ШК Струга и ШК Шах мат 2022 од Градец. Го освоивме првото место со 5 убедливи победи и максимални 10 бода.
Пласман со партии
Рк. | Екипа | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | ТБ1 | ТБ2 | ТБ3 | ТБ4 |
1 | Пелагон | * | 5 | 5½ | 5 | 6 | 6 | 10 | 27,5 | 0 | 2251 |
2 | Карпош | 1 | * | 3½ | 6 | 5½ | 6 | 8 | 22,0 | 0 | 1769 |
3 | 4ти Ноември Битола | ½ | 2½ | * | 5½ | 5 | 6 | 6 | 19,5 | 0 | 1638 |
4 | Ласкер | 1 | 0 | ½ | * | 5½ | 4½ | 4 | 11,5 | 0 | 932 |
5 | Шах Мат 2022 Градец | 0 | ½ | 1 | ½ | * | 3½ | 2 | 5,5 | 0 | 411 |
6 | Струга | 0 | 0 | 0 | 1½ | 2½ | * | 0 | 4,0 | 0 | 349 |
Во плеј оф се пласираа и двете најдобри екипи А група (ШК Пелагон и ШК Карпош) и од Б група (ШК Шкупи и МШК Центар). ШК Пелагон како новоформиран клуб и дебитант имаше тешка задача да се бори со три бивши скопски прволигашки клубови. Сепак убедливо и тука го освоивме првото место и се пласиравме во прва лига,што значи дека Прилеп ќе биде најшаховски град во Македонија.
Пласман со партии
Рк. | Екипа | 1 | 2 | 3 | 4 | ТБ1 | ТБ2 | ТБ3 |
1 | Пелагон | * | 3 | 4 | 5 | 5 | 12,0 | 0 |
2 | Шкупи | 3 | * | 3 | 4½ | 4 | 10,5 | 0 |
3 | МСК Центар | 2 | 3 | * | 4½ | 3 | 9,5 | 0 |
4 | Карпош | 1 | 1½ | 1½ | * | 0 | 4,0 | 0 |
За шампионската екипа настапија:
- ИМ Драшко Бошковиќ 5 поени од 6 партии
- ИМ Младен Миленковиќ 4,5 поени од 5 партии
- ИМ Горан Арсовиќ 6,5 поени од 7 партии
- Дејан Ѓорѓиески 5 поени од 7 партии
- Горан Готовуша 4 поени од 6 партии
- Марјан Дамчески 4,5 поени од 5 партии
- Мартин Николовски 5 поени од 6 партии
Ова е огромен успех на шахот во Прилеп посебно ако се знае дека оваа година индискиот велемајстор Гукеш член на ШК Прилеп го освои златниот медал на Купот на Европски шампиони и ако има само 16 години е во најдобрите играчи во светот. Годинава започна и шаховската школа за почетници водена од нашата шахистка Јустина Дутка и школата за напредни деца предводена од велемајсторот Звонко Станојоски. Во план е и отворање на прва школа за возрасни шахисти во Македонија со што значително би се зголемила концентрацијата на квалитетни играчи во градот.
За овој успех голема помош имаше и самиот тренажен процес и големиот број на турнири кои ги организираме во Прилеп со што се зголеми квалитетот на играта на нашите шахисти што се покажа пресудно на Екипното првенство во Охрид.