Богата програма за Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Програмата за Манифестација научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ е речиси комплетирана и истата содржи многу музика, филм, традиција и култура.

На 1-ви август во 18:30 часот започнува поворката кон Гумење каде што ќе се полагаат цвеќиња. Официјалниот дел започнува на споменик Илинден во 20:30 часот каде што свој настап ќе имаат хорови и оркестри на Национална филхармонија и Национална опера и балет. Во овој дел ќе настапат и „Танец“ и балерината Ивана Коцевска.

Манифестацијата од 22 часот ќе продолжи на „Гумење“ со читање на Крушевски манифест, обраќање на градоначалникот на општина Крушево и претседател на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ Томе Христоски по што ќе следи концерт на Камерниот оркестар, Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба.

На полноќ ќе има импровизиран напад на Крушево.

На 2-ри август централната манифестација се случува на Мечкин Камен во организација на Владата на Република Северна Македонија.

Во продолжение што ќе следува од 3-ти до 10-ти август.

03.08. Проекција на македонски филм „Хомо“
Режија: Игор Иванов Изи
Сценарио: Игор Иванов Изи и Сашо Кокаланов
Главни улоги: Александар Матовски – Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Сашко Коцев

04.08. 20:00 [Споменик Илинден] Изложба на Зоран Кардула инспирирана од филмскиот серијал Star Wars и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден + ди џеј сет на Томи Бојаџи

05.08. Ден посветен на влашката култура и традиција

06.08. 22:00 Крушевска вечер – забава со локални ди џеи

07.08.[Летна сцена] Програма за деца – фестивал „Весели ѕвончиња“

08.08.[Летна сцена] Настап на Влатко Груевски – тенор

10.08 21:00 [Училница, пред споменик Илинден] Дац & Александар

Спуштање на бајракот на слободата.
Затворање на Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“.

Програмата за Манифестација научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ е речиси комплетирана и истата содржи многу музика, филм, традиција и култура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи