Општина Крушево за потребите на ЈКП Комуна Крушево преку проектот за “Подобрување на системот за заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку јакнење на институционалните капацитети за комунални услуги и заштита и безбедност на граѓаните, нивните материјални добра и природното и културно богатство”, финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа, набави ново современо возило за управување со комунален отпад.
Возилото е наменето за потребите на општина Крушево и со него ќе се подобри комуналната чистота во градот и околните населени места и ќе се овозможат поквалитетни комунални услуги за граѓаните кои живеат во овој дел од регионот. Исто така набавката на ова возило ќе придонесе кон намалување на појавата на неконтролирано одлагање на комунален отпад особено во руралните средини.
Преку унапредување на квалитетот на системот за управување со отпад, доминанто претставен преку комуналните претптријатија, проектот со своите активности придонесува и кон заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот во Пелагонискиот регион.
Вкупната вредност на проектот изнесува 4.287.318 денари, средства обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година на Министерството за локална самоуправа.