Меѓународен турнир во одбојка во Крушево

Од 4 до 6 август во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ ќе се одржи меморијален турнир во одбојка „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка”.

Овој турнир е 46-ти по ред, а ќе учествуваат македонска младинска и сениорска репрезентација и ќе гостуваат репрезентативните одбојкарки од Косово и Босна и Херцеговина.

Првиот натпревар е утре од 17 : 30ч. помеѓу Косово и Босна и Хцреговина. Љубителите на одбојката ќе можат да проследуваат по два натпревари од 17:30 и 20:00 часот во наредните 3 дена.

„Ова лето Крушево е центар на одбојката. Цело лето присутна е женската репрезентација од повеќе категории, на подготовки беа неколку одбојкарски тимови, а еве сега ќе се одржи и меѓународен турнир. Спортската сала и Крушево повторно прераснуваат во места за спортски подготовки“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи