Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до три денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за два денари за литар и ќе чинат 93,5, односно 96 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 2,5 денари за литар и ќе се продава за 93 денари, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за три денари за литар и ќе изнесува 91 денари.
Со одлуката на РКЕ не се менува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС која и понатаму останува 53,343 денари за килограм.