Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски и филмска поезија од Дејан Трајкоски, во понеделник (22 август) во Прилеп ќе се одржи првата изведба на проектот „Реобмислување II: филм, музика и поезија“. Место на случување е Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп (Галерија) – од, 20 часот.
Втората изведба ќе се случи следниот ден (23 август) во Дом на култура „Илинден“ Демир Хисар.
Интердисциплинарниот проект во развој подразбира фузија на поезија, филм и музика. Се работи за песни инспирирани од сцени од повеќе филмови. Поезијата од Трајкоски ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, инспирирана од оригиналните филмски композиции.
Идејата на проектот е реобмислување на едно уметничко дело и создавање ново, во сосема поинаква форма од оригиналното.
Настанот ќе може да се проследи и во живо преку стрим.
Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура, и Домовите на култура во Прилеп и Демир Хисар.