Поскапуваат горивата – дизелот за 12 денари поскап од бензинот

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 0,5 денари за литар, на дизелот за три, а на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, додека мазутот поскапува за 0,977 денари за килограм.

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 89,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 92 денара, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 101,50 денари, а екстра лесното масло 97,50 денари. Цената на мазутот ќе изнесува 53,955 денари за килограм.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми