Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денес истакна дека Македонија мора да продолжи со реформите дури и кога тие предизвикуваат одредени политички поделби. Според Брнз, еден од најголемите предизвици со кои се соочува Северна Македонија е корупцијата која го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност.
„Јасно го гледате патот на земјата кон ЕУ и препознавате што заслужуваат граѓаните на Северна Македонија. Се надевам дека лидерите низ политичката структура ќе видат колку е критично да се променат системите и мрежите кои дозволуваат корупцијата да предизвика таква штета. Како што рече претседателот Бајден, корупцијата е рак, рак што ја јаде вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновација и креативност. Го троши талентот на цели генерации. Тоа ги плаши инвестициите и работните места. Постигнавме напредок, има уште многу работа да се направи и ќе продолжиме да стоиме со Северна Македонија додека се справувате со тешките реформи за да осигурате дека сите се еднакви пред законот и дека корупцијата нема да се толерира“, рече американската амбасадорката Брнз на доделувањето грантови за борба против корупцијата во Министерството за финансии.
Владините претставници, напомена амбасадорката, мора да одговорат на предизвиците, да ги исполнат очекувањата на јавноста и стандардите за членство во ЕУ. Децидна e дека во Македонија недостасува одговорност и транспарентност, има непотизам и институционална дисфункција.