Во недела 04 септември 2022г на платото во старата Прилепска чаршија (близу до Градскиот саат) ќе се одржи последниот проект од OFF програмата на Prilep Jazz Weekend фестивалот. Со почеток во 21.00ч со свој концерт ќе настапи бендот Љубојна. Прилепскот џез фестивал го работи овој проект во координација со кафетериите : Kaffeine, Tabu, Чоше кафе и слаткарницата АЛФА 1.
Љубојна или „љубов“ и „бој“, еден од најпрепознатливите и најрепрезентативни бендови во регионот, најавтентично го пренесува пулсот на музичкиот бит во не само она, што се нарекува урбан, туку и светски отворен звук. Љубојна не е само популарен бренд. Таа е идеја која направи супер саунд од една заборавена музика и стана јадро околу кое гравитираат многу музичари и од кое црпи младата публика. Групата твори музика, со сета нејзина страст, ентузијазам и жестина која е изговорена како универзален музички јазик, според космополитски код кој што го носи во себе.
Музиката на Љубојна е спој на сите експресивни и елегични чувства и звуци на радост, тага, еуфорија, интензивност, чилаут, поп, страст, фанк, цоул, фолк, ориентал, стомачен танц, џез, ортодокс гламур…