ВИДЕО – Кузманоска: Апсурд е кога тие што го уназадија Прилеп за 30 години и го оставија во долгови до гуша да зборуваат за лошо менаџирање


Оние кои ги преполнија институциите со партиски послушници, држат пресконференции и обвинуваат за некакви партиски вработувања. Каква иронија! Ако се читаат списоците од јавните претпријатија, за партиски вработените ликови во време на СДСМ и минатата локална власт, малку ќе ни бидат 10 прес конференции, истакна на денешната прес конференција Билјана Кузманоска, претседателка на Унија на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Почитувани,

Оние кои ги преполнија институциите со партиски послушници, држат пресконференции и обвинуваат за некакви партиски вработувања. Каква иронија!

Ако се читаат списоците од јавните претпријатија, за партиски вработените ликови во време на СДСМ и минатата локална власт, малку ќе ни бидат 10 прес конференции . Апсурдно е оние кои ги парализираа иституциите, кои го уназадија Прилеп за 30 години наназад, оние кои го оставија градот во долгови до гуша, да зборуваат за некакви вработувања и за лошо менаџирање.

Ќе потсетиме само на мал дел од вработените во време на владеењето на Илија Јованоски. Јавноста добро памети дека едно од првите вработувања во Општина Прилеп, беше вработувањето на неговата внука Цвете Станојовска. Во ЈКП Комуналец Прилеп, вработени беа сопругата на актуелниот командир Дарко Цуцулоски, сопругата на поранешниот директор на ЈКП Водовод и Канализација кој важеше за еден од најистакнатите партиски активисти во Прилеп. Вработени се голем број на други лица кои важат за истакнати членови на СДСМ или за лица блиски до истакнати членови и функционери.

Листата пак за ЈКП Водовод и канализација и бројките на вработени во време на СДСМ се запрепастувачки. Колку за паралела, во 2017 година вкупно во ова претпријатие биле вработени 161 лице, од кои 21 лице биле привремено вработени, а нововработени од СДСМ за период од само 4 години, се 69 лица, што значи дополнителениот трошок за плати изнесувал од речиси 2 милиони денари месечно.

Почитувани, ова е само мал дел од списокот на вработени лица во време на СДСМ.
Срамно е во недостиг на идеи за тоа како да се биде конструктивна опозиција, СДСМ да ја манипулира јавноста за некакви партиски вработувања и да зборува за трошење на народни пари, во време кога државата се распродава на сите страни, се случува грабеж од невиден размер, а народот е доведен до питачки стап и тоа директно како резултат на неспособноста на централната власт предводена од СДСМ и ДУИ.

Во периодот кој следува, не ја исклучуваме можноста за обелоденување на сите партиски вработувања од сите институции на локално ниво во време на СДСМ и Илија Јованоски, за кое нешто ќе ни требаат неколку прес конференции бидејќи списокот е огромен како што напоменавме.

Воедно јавно ќе се изнесат сите зделки и работи, кон чие испитување сериозно ќе треба да пристапат органите на прогон кои очигледно во овој момент се заробени и се под влијание на централната власт. Правдата можеби е бавна, но секој кој се огрешил пред законот ќе го стигне! Бидете уверени во тоа!

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Сабота, 03 септември 2022

 

Ќе потсетиме само на мал дел од вработените во време на владеењето на Илија Јованоски. Јавноста добро памети дека едно од првите вработувања во Општина Прилеп, беше вработувањето на неговата внука Цвете Станојовска. Во ЈКП Комуналец Прилеп, вработени беа сопругата на актуелниот командир Дарко Цуцулоски, сопругата на поранешниот директор на ЈКП Водовод и Канализација кој важеше за еден од најистакнатите партиски активисти во Прилеп. Вработени се голем број на други лица кои важат за истакнати членови на СДСМ или за лица блиски до истакнати членови и функционери.

Листата пак за ЈКП Водовод и канализација и бројките на вработени во време на СДСМ се запрепастувачки. Колку за паралела, во 2017 година вкупно во ова претпријатие биле вработени 161 лице, од кои 21 лице биле привремено вработени, а нововработени од СДСМ за период од само 4 години, се 69 лица, што значи дополнителениот трошок за плати изнесувал од речиси 2 милиони денари месечно. Почитувани, ова е само мал дел од списокот на вработени лица во време на СДСМ.

Срамно е во недостиг на идеи за тоа како да се биде конструктивна опозиција, СДСМ да ја манипулира јавноста за некакви партиски вработувања и да зборува за трошење на народни пари, во време кога државата се распродава на сите страни, се случува грабеж од невиден размер, а народот е доведен до питачки стап и тоа директно како резултат на неспособноста на централната власт предводена од СДСМ и ДУИ.

Во периодот кој следува, не ја исклучуваме можноста за обелоденување на сите партиски вработувања од сите институции на локално ниво во време на СДСМ и Илија Јованоски, за кое нешто ќе ни требаат неколку прес конференции бидејќи списокот е огромен како што напоменавме.

Воедно јавно ќе се изнесат сите зделки и работи, кон чие испитување сериозно ќе треба да пристапат органите на прогон кои очигледно во овој момент се заробени и се под влијание на централната власт. Правдата можеби е бавна, но секој кој се огрешил пред законот ќе го стигне! Бидете уверени во тоа“, рече Кузманоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи