ВИДЕО – Масовен егзодус на младите од Македонија – државата нема стратегија да го спречи овој тренд


Младите масовно се иселуваат од сите држави од овој дел на Европа, но тоа е најизразено во Македонија, а бројките се толку алармантни кај нас, што овој тренд е рамен на егзодус. Ова беше еден од заклучоците на Меѓународната младинска конференција која се одржа во Крушево. Владеењето на правото, стопирање на корупцијата, квалитетно образование и здравство, а пред се поголеми плати се факторите за миграција.

„Кога се отворил циклусот обратно во Полска на пример или во Литванија, тогаш кога просечната плата во овие држави достигнала 70% од просечната плата во Германија. Тогаш на младите не им било повеќе интересно да мигрираат, затоа што трошоците за живот во Полска се далеку помали од оние во Германија и го постигнуваат истиот животен стандард“, изјави Методија Стојчески, програмски координатор на младинската конференција.

Младите велат дека се потребни итни чекори да се стопираат овие трендови.

„Одливот на мозоци е проблем на целиот регион, според мене главна причина е тоа што младите неможат да најдат сооодветна работа во однос на факултетот кој го завршиле“, истакна Ана Бампили, учесник на конференцијата од Грција.

 

„Она најважно што треба да се направи е да се послушаат младите, ние најдобро знаеме што ни треба најмногу, така што ова е првиот чекор кој треба да се направи кон создавање на подобар Балкан“, рече Амина Ибишевиќ, учесник на конференцијата од БиХ.

 

„И сметам дека во нашата држава може да се направи нешто за да се задржат младите луѓе тука, секако тоа останува на доносителите на одлуки, тие да ги променат своите политики и методологии“, додаде Нина Јовановска, учесник на конференцијата од Македониија.

Според поранешниот амбасадор на Македонија Јован Теговски, за масовното иселување на младите виновни се и нашите полититичари, кои не и го испорачувале на Европа тоа што го барала, но исто така виновна била и Европа која над 2 децении од неразбирливи причини не има ставено само во чекалната за ЕУ.

„И сето тоа влијаеше на младите луѓе да ја губат довербата и во домашните институции, но да ја губат довербата и во институциите на ЕУ. Никој не испорачуваше тоа што требаше, она што го ветуваше“, потенцираше Јован Теговски, екс амбасадор на Македонија.

Македонија има само уште многу малку време да направи нешто да се стопира масовното иселување или ќе останеме држава на старци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи