Ученикот Вања Ѓорѓиоски од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп го освои првото место на светското финале на натпреварот по англиски јазик Хипо, кое се одржа во Рим, Италија. Ѓорѓиоски доби златен медал и одлика со светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик, како и школарина. Ментор на Вања е наставничката Фросина Ацеска.