Бочварски: Се очекува следната година да биде завршен експресниот пат Градско – Прилеп

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во вчерашната емисија Клик Плус на ТВ21 изјави дека се очекува експресниот пат Градско – Прилеп да биде завршен во текот на наредната година.

Тој вели дека најпрвин треба да се знае дека има три делници.

„Едната е од Градско до Дреново – тоа е новата траса на експресниот пат каде што работи сега моментално компанијата Штрабак. Втората делница е од Дреново до Фариш – тоа е каде што ги пробивавме веќе тунелите, се работи на пробивање на вториот тунел, на мостови, тампонирање на трасата и третата делница е самиот превој Плетвар кој што се рехабилитира и тоа е по постоечката траса која ја возиме, и тоа е трета компанија која што работи“, вели Бочварски.

На прашање кои се роковите за овие три делници, Бочварски вели дека третата делница Плетвар се очекува да заврши оваа есен, додека пак другите две делници се очекува во текот на следната година.

„Кога се работи за проекти од стотина милиони евра, еве експресен пат, каде се пробиваат тунели, се префрлува трасата на движење на автомобилите, се обезбедува постоечкиот пат каде поминуваат возила и луѓе. Не можеме да очекуваме тие патишта да се изградат за два месеци, тоа никаде и не може да се случи затоа што се обемни градежни зафати“, вели Бочварски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи