Ќе се врши вонреден инспекциски надзор во инсталациите кои имаат А Интегрирана еколошка дозвола

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешниот брифинг информираше дека ќе се вршат вонредни инспекции во инсталациите кои имаат А Интегрирана еколошка дозвола.

„Бараме Државниот инспекторат да соработува со локалниот инспекторат и тие да имаат можност, без најава, да влегуваат во инсталациите и да вршат вонредни инспекциски надзори“, посочи Нуредини.

Министерот упати апел до граѓаните да пријавуваат во Инспекторатот за животна средина, доколку забележат загадување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира