ВИДЕО – 30 стипендии од бизнис секторот за бруцошите на Економскиот факултет во Прилеп


На Економскиот факултет во Прилеп се одржа првиот академски час за 62 генерација студенти кои можеа да избираат помеѓу една од 6 реакредитирани студиски програми како: Е-бизнис, меѓународен бизнис, сметководство и финансии, банкарство и финансии, маркетинг и менаџмент. Годинава 30 бруцоши добија стипендии од бизнис секторот. Стипендиите беа поделени за надојбро рангирани студенти и социјално ранливи категории.

Бенефитот е обостран, и за компаниите и за Економскиот факултет. Ова е втор пат да се доделуваат стипендии на Економскиот факултет во Прилеп, како што видовте беа обезбедени 30 стипендии. Соработката се реализира на различни начини, преку стручни предавања на претставниците на бизнис заедницата и на тој начин студентите стекнуваат емпириски знаења и вештини, а од друга страна факултетот организира обуки според потребите на бизнис заедницата. Исто така учествуваме заеднички во реализацијата на научно истражувачки проекти“, истакна проф. Д-р Драгица Оџаклиеска, декан на Економски факултет Прилеп.

Компаниите велат дека оваа соработка ќе продолжи и со можност за пракса на студентите кај нив, а потоа и можност за нивно вработување.

Соработката не е само во давањето на стипендии, туку и во понатамошниот континуиран развој и учење, така да ние овозможуваме и пракса за студентите, каде ќе се стекнат со основи на банкарско работење, како и можности за вработување и нели да си ја изградат својата кариера во рамките на нашата корпорација. Исто има една нова вест кај нас, во октомври ќе отвориме нов тренинг центар „Шпакрасе“ каде ќе ја возобновиме академијата млад банкар и верувам дека во таа насока ќе продолжи и соработката со Економскиот факултет Прилеп“, додаде Билјана Санев, директор на дирекција за човечки ресурси „Шпаркасе банка“.

 

„Доделувањето на овие стипендии е битно за секоја компанија бидејќи од економскиот факултет секогаш произлегуваат добри кадри, кои подоцна во секој случај сепак треба да работат во овие прилепски компании, а добар економист им треба на секоја фирма. Исто така имаме потпишано и меѓународен меморандум за соработка, меморандум за соработка со Економскиот факултет исто така и секоја година имаме традиција да им дадеме шанса за платена пракса, но исто така од нив да произлезат и вработени“, рече Филип Велески, директор на Комфи Ангел.

  

Нашата соработка е многу специфична и иновативна, тука соработуваме и со студентското собрание, како и со брендот „Граден економист и оптимист“. Им посакувам да имаат што повеќе вакви соработници, бидејќи само на ваков начин може да се придонесе и да им се помогне на студентите“, изјави Бујар Драла, SN финансии.

Годинава сметководство и ревизија и маркетинг се програмите за кои има најголем интерес за упис на Економскиот факултет, а годинава се запишани околу 100 бруцоши.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи