ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Денеска во времето од 10.00-15.00 часот Одделението за полиција и Криминалистичка полиција при СВР Битола на подрачјето на Битола и Прилеп спроведоа координирана акциска контрола за откривање на возачи на кои им е изречена прекршочна санкција, престанок на важење на возачката дозвола и забрана за управување со моторно возило, а забраната не е запишана во возачката дозвола односно возачката книшка и откривање на фалсификувани и украдени возила како и спречување на трговија со украдени возила.
„При акциската контрола исконтролирани беа 165 возачи при што констатирани биле 23 прекршоци во однос на возачи од кои 8 возачи немале впишани забрана во возачката дозвола, 6 возачи не носеле возачка дозвола, 5 возачи бесправно управувале возило, 2 возачки дозволи биле со измината важност, едно одземено возило по чл. 378 од КЗ односно фалсификување на исправа и едно одземено визило по чл. 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај. Откриени биле и 7 останати прекршоци“, велат со СВР Битола.