Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која од полноќ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2.5 денари по литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, додека екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Со тоа, новите цени по полноќ ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм)