ВИДЕО – Јовчески: Подготвуваме градежна офанзива, наскоро ќе се рехабилитираат над 40 улици


Улицата Борка Талески, единствениот незавршен крак на плоштадот, кој што гледате се поплочува со автентични гранитни плочи, е во завршна фаза и во најскоро време го очекуваме да биде инфраструктурно завршен, рече денеска градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Воедно го посетивме и цефководот „Пашовски ливади“ каде успеавме третата фаза да ја реализираме, таа за неколку денови завршува и Прилеп ќе биде обезбеден со некаде околу 15% повеќе пивка вода од онаа што ја обезбедувавме преку „Студенчица“. Овие капитални проекти кои се за време на мојот мандат се надеваме дека ќе допринесат да го вратиме сјајот во Прилеп и да биде еден од најубавите градови во Македонија. Наскоро подготвуваме и градежна офанзива, се дефинираат и мапираат повеќе од 40 улици кои ќе бидат рехабилитирани со нов асфалт. Така завршуваме една добра комплетна приказна за 2022 година“, истакна Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи