Двојно пониска цена на струјата за производителите на основни прехранбени производи

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата ќе ги поддржи производителите на масло, пекарски, млечни и мелнички производи, како и преработувачите на млеко, а дополнително се разгледува да се вклучат и компаниите кои се занимаваат со преработка на месо и месни производи. Тие ќе плаќаат струја под 100 евра за мегават час, што е двојно помалку од цената на регулираниот пазар, поради што се очекува стабилизирање на пазарот и намалување на цената на основните продукти за 10%.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, до крајот на денот стопанските комори треба да достават дополнителни предлози со кои би се проширила листата на компании за поддршка. До утре ќе се направат сите калкулации во однос на евентуалните финансиски импликации, по што ќе биде донесена и конкретната одлука.

„Доколку, пак, некој ја злоупотреби ситуацијата и домашните основни производи ги продава поскапо од увезените, не е исклучено, Владата да донесе и мерка за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи“, рече Бектеши.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи