Од ноќеска на полноќ бензинот БС-98 поскапува за два денара и ќе чини 92,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажните цени на останатите горива денеска остануваат исти и нема да се менуваат. Литар еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 90 денари, литар еуродизел ќе чини 100,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 97 денари за литар.