Одговарајќи на новинарско прашање за тоа зошто не се реализирани голем дел од проектите кои беа ветени во првата година од мандатот на градоначалникот Јовчески, тој истакна дека најголема пречка бил секторот урбанизам и кочниците на централната власт.
„Имавме најавено голем дел проекти и тие дел се реализирани или во фаза на реализација, доцнењето се должеше на кочниците на администрацијата кои ги надминавме, тоа исто така беше наследен проблем. Но со работењето и со елиминирањето на некои фактори кои делуваа за кочењето на реализација на документацијата за проектите веќе е надмината фаза.
Кои пречки беа најголеми?
Вие знаете дека урбанизамот беше целосно закочен, немавме реализирано ниту еден витален проект, потоа одразувањето на централната власт која што свесно ги правеше опструкциите со враќање и ревидирање и постојано барање ии повторно ревидирање на фазите кои што во документацијата беа потребни исто така се одрази неколку месечно да ни доцнат проектите“, рече Јовчески.