ВИДЕО – Се одржа 15-та „Костенијада“ во Македонски Брод


Во Македонски Брод се одржа 15-тата по ред јубилејна манифестација Костенијада. Костенот е најкарактеристичниот и најпознатиот плод од Поречието кој што е баран низ цела Македонија, па и пошироко. Поречани велат дека нема толку костени колку што има побарувачка за нив. Костените се простираат на површина од околу 110 хектари, сите се во приватни поседи, а годишно се произведуваат од 50 до 100 тони. Освен костенот се бараат и слаткото од костени, како и медот од костен, кој се смета за најквалитетен мед од сите видови.

На македонскиот пазар повеќе се барани костените од Поречието бидејќи квалитетот е многу добар, чисто, природно, нема ништо прскано. Значи побарувачката е голема, нема толку костен колку што има побарувачка.

 Дали овој костен освен во Македонија се извезува и надвор од државава?

 Па други години се извезуваше повеќе, беше баран и немаше доволно, но оваа година нешто послабо. Почна да се извезува, но намалено е нешто“, рече Цветан Радевски, производител на костен.

 

Медот од костен е еден од најквалитетните медови во Македонија и е доста баран на пазарот. Медот од костен се разликува по специфичната боја, црвена боја и е потежок за разлика од другите медови, значи појак мед и потежок за јадење“, вели Саше Ристески, производител на костен.

Од Општината велат дека биле во интезивни преговори со повеќе комопании за да се отворат економски капцитети во Брод за откуп и преработка на костенот.

Токму во костенот го гледаме и економскиот бенефит на општина Македонски Брод. Веќе ние како локална самоуправа несебично се вложуваме во привлекување на инвеститори кои ќе прават производ или полупроизвод од костен и како полупроизвод или краен производ ќе излегува од нашето Поречие и ќе биде на европските пазари“, кажа Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод.

Имаше претставници и од Министерството за дијаспора кои пред неколклу дена отворија и канцеларија во во Брод и од каде најавија дека овие инвестициски можности ќе ги презентираат и кај нашите иселеници.

Во тој дел имаме огромен проект, мапирање на нашата дијаспора, што истовремено целта е да го повлечиме тој капитал тука кај нас“, истакна Албер Деди, советник на министерот за дијаспора.

Како дел од манифестацијата се одржа и уникатна изложба на ракотворби од костен кои ги изработија децата од средното и основните училишта во Македонски Брод.

Од година во година етнолошката изложба „Златен костен“ зема поголем замав, имаме позаинтересирани ученици, родители и сите тие кои можат да учествуваат во самата креација и помош на нивните деца. Оваа година бројот е зголемен можеби за 100%, бидејќи до лани имаше средно, но оваа година имаме околу 300 учесници. Буквално немам зборови кој да биде прво, сите се прво место, изненадена сум преубаво и се надевам дека децата и во иднина ќе творат. Изложбата ќе биде отворена скоро две недели, имам најава дека ќе доаѓаат ученици и од соседните општини кои ќе сакаат да креираат, дел од учениците кои имаат смисол за креации“, изјави Милена Стојческа, директор на Домот за култура во Македонски Брод.

За сите присутни се одржа и дефиле од учесниците на манифестацијата од Домот за култура до центарот на градот, каде пак за сите кои беа дел од Костенијадата се одржа и културно уметничка програма.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи