ВИДЕО – Ковачевски: Ништо не е направено во Прилеп за 1 година, опозицијата да се фати за работа, а не да бара избори


Прво опозицијата нема конзистентен став, опозицијата имаше избори во август оваа година, тоа беа  предвремени локални избори во општините Маврово Ростуше, Центар Жупа и во општина Тетово и таму се потврди дека тоа што тие го прават само за самите себе, за своето членство, дека водат на анкетите се потврди дека доживеаја најголем пораз кој успеале да го доживеат во општината Маврово Ростуше откако таму се одржуваат локални избори, дека во Центар Жупа и покрај тоа што сакаа да направат бојкот уште еднаш не успеаја, граѓаните решија да изберат кандидат од нашата коалиција и во општина Тетово, каде велеа дека ќе победеле со 6-0, имаа послаб резултат од тоа што го имаа на последните локални избори, истакна денеска во Прилеп, премиерот Димитар Ковачевски.

„Што се однесува до избори, избори ќе има во 2024 година и тие ќе бидат редовни, бидејќи тоа е редовен термин и помина времето кога во државата се правеа избори секоја година само затоа што некој сака да спроведува своја лична политичка агенда.

Сакам да им порачам нешто друго на опозицијата, јас вчера ги гледав нивните изјави дека некој се плашел од избори, никој не се плаши од избори затоа што бевме на избори во август, а нив ги немаше, 5 дена се криеја затоа што не знаеја што да кажат за резултатите.

Друго сакам да им порачам на преставниците на ВМРО ДПМНЕ, ВМРО ДПМНЕ пред точно една година победи на локалните избори во државава, тие освоија 50 општини во државава, тие освоија локална власт во главниот град во државата. Она што треба да прават е да се фатат за работа, како што 11 години кога владееја со државата таа беше пред сите меѓународни институции прогласена за заробена држава, просечната плата беше 9.000 денари а сега е 11.000 денари, единствено што ги интересираше е да прават споменици. Сега ќе ви кажам, тука сме баш на убаво место да ви кажам еден податок, да во 2015 година оставија неисплатени 2.5 милијарди денари субвенции на земјоделците, на овие тука што ги гледате, затоа што за истите пари за 2.5 милиони денари, бидејќи беа врвни каменоресци изградија 36 споменици во центарот на Скопје. И таква катастрофа која и се случи на Македонија 11 години во државата, сега во моментот му се случува на Скопје.

Така како што успеаја да ја заглават државата 11 години, ниту еден милиметар во европски интеграции, раскарани внатре, раскарани со сите соседи, истото тоа сега се случува во Скопје.

Затоа јас би им порачал, власта која ја имаат во Скопје да земат да ја партицираат, затоа што од Скопје денеска одвај излеговме, затоа што на протест се сите превозници. Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа фабрика за електрични автобуси, ветуваа брда и долини, во моментот Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има било какво поместување на било кој капитален проект кој им го остави изминатата власт, која изгуби и им честиташе победа и предаде власт на ВМРО ДПМНЕ. И не може да биде изговор на ВМРО ДПМНЕ дека тие се скарале со градоначалничката, која е нивни кандидат, бидејќи тие одеа по Скопје и ја промовираа, не одев јас, не може сега ние се скаравме, ама за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори.

Не поминува таа работа, нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините. Не сакам да зборувам за општина Прилеп, вие сте од Прилеп, има тука многу прилепчани, кажете ми една работа што е направена во Прилеп и ќе ви стане јасно дека освен што треба да се фатат за работа најмалку треба да говорат за избори, бидејќи  видовме во август како завршија изборите, а исто ќе завршат изборите и во 2024 година, редовните претседателски кога ќе изберем претседател на државата од коалицијата на СДСМ и кога на парламетнарните избори повторно оваа Влада ќе победи“, истакна Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи