Денеска (22.12.2022) полициски службеници од ОВР Крушево- СВР Битола реализираа превентивни активности на темата – “Не користи пиротехнички средства“, со учениците од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во с. Бучин.
Преку соодветна видео презентација децата беа запознаени со штетноста од употребата на пиротехнички средства, но и за можностите со неовластена и незаконска употреба на истите да се предизвикаат тешки и трајни телесни повреди. Исто така учениците беа запознаени и со казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства, а им беше поделен и едукативен материјал изработен со поддршка од УНДП.