Н.Е. Амбасадорот Савада Хиронори, деновиве оствари работна посета на ПИ Витаминка АД Прилеп. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Претседателот на Одбор на директори Симон Наумоски, како и директорите Наташа Стојковска и Владимир Трпаноски, делегацијата имаше можност да се запознае со работењето на компанијата, финансиските резултати, деловните активности, како и со производствениот асортиман и со производствените можности.
Во текот на посетата беа истакнати големиот број инвестиции и проекти што ги реализира „Витаминка“ во континуитет, како и определбата и фокусот на компанијата во делот на извозната политика и големиот број проекти и заложби во делот на општествената одговорност.
Амбасадорот посети и неколку производствени погони каде имаше можност директно да се запознае со производствениот процес, како и високата технологија на производство на Витаминка.