Со полни шпедитери дрвокраците без страв слободно си се шетаат низ Ореовец


Жителите на селото Ореовец крајно револтирани коментираат дека дрвокраците веќе немаат ниту страв од полицијата па започнале, слободно, на сред бел ден, со натоварени шпедитери да си поминуваат низ селото и никој не ги запирал.

Според жителите на Ореовец дневно тука, во тој предел, поминувале и по 20 до 30 шпедитери натоварении со дрва. Планините околу селото биле комплетно испустени, а оваа дрвна мафија никој не ја стопирал во криминогените активности. Групата на дрвокрадци некои денови броела и до 70 мина.

„Ова е навистина жално да се гледа, брука и срам за целата наша држава. Целото шумско богатство во околината е исечено. Утре каков воздух ќе дишеме без дрвја, белите дробови на Прилеп повеќе ги нема, затоа и има толку многу заболувања кај луѓето. А надлежните се однесуваат како ништо да не се случува. Ова трае со години, со децении, целиот систем е корумпиран и трул, ништо не функционира“, со огорченост раскажуваат жителите на ова село.

Жителите се плашат и за својот живот затоа што добивале закани ако се обидат да ги спречат дрвокрадците, а тие пак краделе и од црковните дрвја и од приватни шуми и забели на жителите. Се ригорозни казнии за дрвокрадците и одземање на целата опрема со која се крадат дрвата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи