Отворена изложбата „Моите соништа на монументални платна“ од академскиот уметник Кирил Гегоски – Гегата


Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложбата „МОИТЕ СОНИШТА НА МОНУМЕНТАЛНИ ПЛАТНА“  од академскиот уметник Кирил Гегоски – Гегата. Уметникот се претставува со две големи платна и повеќе студии акрил на платно создавајќи кохерентна ликовна целина. Според Викторија Димеска, историчар на уметност, Гегоски создал нови апстрактно асоцијативни конотации и донесува нова концептуална свежина.

„Со промислено и внимателно распоредување на асиметричните форми уметникот создал хармонични и обединети композиции.Вметнувајќи ги кривите и динамични линии ја разигрува конструкцијата и ги дефинира асоцијативните форми. Со вибрантната колоритна звучност и тонската одѕвонувачка чистина Гегоски го поедноставил сложениот катактер на материјата и ја усовршил функцијата на бојата“, рече на отворањето на изложбата Викторија Димеска.

Кирил Гегоски, годинашен добитник на наградата за животно дело на Прилеп, во текот на својата богата творечка кариера има реализирано над 23 самостојни и над 30 групни изложби во земјата и странство.

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи