ВИДЕО – Лажни се дојавите за бомби во Прилеп – граѓаните сметаат дека целта била да се оттргне вниманието од кризата


Лажни се дојавите за бомби кои за прв пат утрово на меил пристигнаа во 3 основни училишта во Прилеп, „Добре Јованоски“, „Гоце Делчев„ и „Блаже Конески, потврдија од МВР. Први дојавата ја забележале од „Добре Јованоски“ и веднаш започнале со евакуација.

„Во 9.32 добиен меил во спам, не во инбокс, а во 10.55 го отворивме меилот и учениците беа веднаш евакуирани за 1.30 минута беа изнесении надво од училиштето. Претходно, пред 2 недели, ние имавме направено техничко показни вежби во нашето училиште, 2 вежби за евакуација и учениците успешно излегоа“, изјави Панде Николоска, директорка на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп.

Од училиштето „Добре Јованоски“ ги информирале и другите училишта да проверат и тие во спам на нивниот меил дали имаат вакви закани.

„Еден колега ми се јави од ООУ „Добре Јованоски“, бидејќи во нивниот меил имало наведено каде се има поставено бомби, да провериме и ниие во спам на меил. Проверивме веднаш и кај имаше таква дојава на меил во спам, ја информирав директорката, дојде полиција и веднаш се евакуиравме“, додаде Орданчо Тасески, секретар во ООУ „Гоце Делчев“.

Граѓаните пак на Прилеп иако дел се чувствуваат исплашени сметаат дека сите овие дојави не само во Прилеп туку и во другите градови биле лажни, а целта на оние кои се заканувале според нив била да се оттргне внииманието од актуелната општетствена состојба која била лоша во повеќе области.

„За внучињата се плашам за кого друг, јас сум го одживеала моето, ама тие да трчаат онака е срамота. Треба да се најде еднаш. Ова се прави за да се оттргне вниманието од економски криза, од немаштијата и сега како да се скрие вака“, вели една жителка на Прилеп.

 

„Лажни се дојавите, само да се оттргне вниманието да не се мисли на друго нешто пример како не мислиме на целата оваа криза“, додаде друга граѓанка.

 

„Ништо се е лага, јас незнам кој прави, нивна работа, ама се е лага“, велии трета граѓанка.

 

„Абе лага, лага, ама да не излези на крајот вистина, времето воопшто не е како што треба“, истакна друга граѓанка.

Од Општина Прилеп апелираат за смиреност кај граѓаните и почитување на сите пропишани правила и прописи за постапување во вакви случаи доколку и во иднина се случат вакви настани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи