Денес во организација на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп се одржа средба со граѓанските организации кои делуваат за Поддршка на социјално ранливи групи на територијата на општина Прилеп, општина Долнени и општина Кривогаштани.
На средбата граѓанските организации ЛАГ АГРО ЛИДЕР, Колација СЕГА, Станица ПЕТ, Центар за граѓанска иницијатива, АГТИС, Мрежа на Локални Акциони Групи и Достоинствен работник ги споделија искуствата од соработката на граѓанските организации со Центарот за социјална работа Прилеп а воедно беа разгледувани можностите за соработка во наредната година со заедничка цел овозможување на пристап до права, услуги и можности за подобрување на квалитетот на живот на лицата во социјален ризик.
Соработката помеѓу Центарот за социјална работа и граѓанскиот сектор е неопходна за заедничко делување и заеднички придонес во промовирање на концептот на социјална правда и градење на инклузивно и праведно општество.