Маржите на основните прехранбени производи остануваат ограничени до крајот на април 2023

Facebook
Twitter
Email
Print

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи.

Ограничувањето на маржите за лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло за јадење, оризот, млекото, јогуртот, јајцата, урдата, сирењето итн. ќе трае до крајот на месец април 2023 година.

„Дополнително на тоа, Владата на Република Северна Македонија овозможи од 1 декември оваа година да се користи субвенционирана електрична енергија кај домашните производители на основните прехранбени производи, сè додека трае кризната состојба во непречено снабдување со електрична енергија. Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да имаме коригирани цени“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

Во опфат на мерката ќе продолжат да бидат следните производи: бел леб сечен на парчиња или цел; шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) со 5% трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало.

Потоа за брашно од пченица тип 400 и тип 500; макарони и шпагети од тврда пченица; македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; јајца; урда; кравјо бело сирење и мешано бело сирење; кашкавал; кисело млеко и павлака и јогурт со 10% трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи