ВИДЕО – 3 нови апарати на физикална во Прилеп, дел единствени во јавното здравство во цела Македонија


Прилепската болница набави 3 нови апарати за одделението за физикална терапија. Тука е пред се екстензоматот, кој е единствен во јавното здравство во цела Македонија, потоа апаратот за шок вејв терапија, кој исто така е еден од ретките во нашите болници и комбиниран апарат со сите електро процедури, ласер, ултра звук, вакум и други потребни елементи.

„Предноста на овој апарат е во тоа што може да третира 5 пациенти во исто време, што не е мала бројка, а тоа пак зборува за квалитетот и сложеноста на самиот апарат. Тоа ќе помогне за поголем оптег на пациенти кои за жал ги има се повеќе кај нас. Тоа е заради ковид ситуацијата која ја преживеавме, тоа остави потешки последици од аспект на намалување на имунитетот ии зголемување на сите овие дегенеративни заболувања. Вториот апарат доста важен и нема таков апарат по јавни установи во други градови, ние ја имаме таа чест да го имаме, се работи за екстензомат, се работи со него екстензија на телото, врат, кичма, лумбална кичма. За тешки заболувања на дискусите и тие региони. Третиот апарат исто така многу важен и ретко го има во јавни установи, а посебно од оваа марка која ја набави нашата управа. Се работи за шок вејв терапија, а тоа значи дека се применуваат јаки, ултра звучни бранови за подобрување на функционалноста на меки ткива, зглобови и коски“, истакна Благоја Ѓорѓиески, раководител на одделението за физикална терапија.

Од болницата се надеваат со оваа опрема ќе се зголеми и бројот на услужени пациенти, кои тука дневно изнесувал 160. Физиотерапевтите велат дека бројот на граѓани со вакви проблеми бил се поголем.

„Па се надеваме дека ова ќе помогне да се зголеми фреквенцијата на опслужување на пациентите со различна патологија. Само да го кажам податокот дека за жал се повеќе и повеќе пациенти има и затоа се создава една гужва. Но треба да се стрпливи пациентите затоа што треба да чекаат квалитетна услуга, а не само извршување на рехабилитацијата ради-реда, туку да се даде максимум од самите терапевти на апаратурата со цел да се даде максимален ефект во самата рехабилитација на пациентите“, додаде Ѓорѓиески.

Екстензоматот подележи под Фондот за здравство и веќе се започнало со закажување на пациенти, додека пак шок вејв терапијата не подлежи под Фондот и допрва тука треба да се утврди цената на услугата за пациентите.

„Ставаме во употреба 3 апарати во одделението за физикална медицина кои ќе служат за подобрување на нивното здравје, но и за подобрување на условите за работа на вредниоти посветен персонал кој не застана со работа ниту за време на пандемијата. Заради тоа што беа активирании во сите ковид центри вработените, ја користам оваа прилика да им се заблагодарам“, изјави Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.

Одделението за физикална терапија во Прилеп има 3 специјалисти и над 20 лица као технички пероснал. Се надеваат дека наскоро државата ќе дозволи и нови специјализиации за оваа одделение, затоа што тука доаѓаат и пациенти од повеќе градови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи