ВИДЕО – Нова цистерна за ЈКП „Комуналец“, наскоро и ново возило за заловување на кучиња скитници


Денеска ЈКП „Комуналец“ доби нова 9 тонска цистерна од Бирото за рамномерен регионален развој преку проект што до таму го аплицирала Општина Прилеп за подобро одржување на јавно прометните површини.

„Со ова докажуваме дека максимално се грижиме за одржување на хигиената и функцијата на Јавното претпријатие. Исто така апел до сите други јавни претпријатија да аплицираат со што повеќе проекти се со цел да го збогатат како возниот парк така и другите потребнии средства. Набрзо се очекува да се добие и возило за заловување на кучиња, со дополнителна опрема,  што исто така ќе ја подобрии грижата за кучињата скитници. Се разбира со медицинска грижа и сместување во стационар“, истакна Борче Јовчески, грардоначалник на Прилеп

Комуналец досега располагаше со 2 стари цистерни кои се од 80-тите години на минатиот век. Со ова ново возило од од ова јавно претпријатие велат дека ќе ја подобреле чистотата на градот на едно повисоко ниво.

„Ние тука нема да застанеме имаме изработено и други проекти. Набавка на возило во нареден период за заловување на кучиња, со кое бии се решил горливиот проблем, кој што е генерален проблем во Македонија. Исто така имаме и некои други активности. Поточно пред скоро време поставивме први полуподземни контејнери, продолжуваме со таа акција од централното гардско подрачје и ќе се шириме кон периферијата се со цел добивање на урбан лик на Прилеп, онаков каков што заслужува. Засега заловуваме кучиња на еден стар и примитивен начин. Со таа додатна опрема, пнеуматска пушка кучињата би се заловувале многи поедноставно. Кога би ги добијале возилото со комплет опремата, во наредни 2 до 3 месеци таа проблематика ќе биде решена. Нема да има кучиња скитници во Прилеп“, додаде Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи