Владиката Петар, митрополит Преспанско-пелагониски, во интервју за ТВ Сонце изјави дека постои парацрковна структура во Бигорскиот манастир на чело со еписокопот Партениј која ѝ задава голем проблем на МПЦ и мора час поскоро да се постави на дневен ред пред Синодот и да се реши.
„Имаме парацрковна структура во Бигорскиот манстир на чело со епископот Партениј, кој презема ингеренции мои како претседател на одделот за соработка на православните црвки и секако дека ова прашање мораме час поскоро да го ставиме на дневен ред во Синодот, затоа што јас имам слобода да му кажам на нашиот архиепископот Тимотеј и други свештени лица, да пренесам дека ние нема да дозволиме да имаме парацрковна органзција на чело со Партениј заедно со структурата негова во Бигорски и со монахињите таму кои мешетарат во мојата епархија, им порачувам да се тргнат и повеќе да не прават проблеми затоа што ситуацијата е сериозна“, изјави Владиката Петар.
Како што кажа Владиката, ова е веќе сериозен проблем на нашата црква, бидејќи ние моментално го решаваме проблемот со ПОА, а сега ова со парацрковната структура е поголем проблем и поради националноста, но и поради нивната духовна ориентација.