Спасовски – Демерџиев: Нема да се дозволи инцидент на 4 февруари

Facebook
Twitter
Email
Print

Нема да биде дозволен инцидент на 4 февруари при чествување на годишнината од роденденот на великанот Гоце Делчев, истакнаа денес министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев.

Спасовски истакна дека крајна цел на МВР е безбедност за сите граѓани и сите лица кои престојуваат на нашата територија.

„Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“, рече Спасовски.

Бугарскиот министер Демерџиев рече дека ќе преземе мерки за бугарските државјани кои ќе пристигнат во земјава да не го нарушуваат јавниот ред и да не провоцираат.

„Јас ќе преземам мерки за луѓето кои што ќе дојдат на чествувањето. Во никаков случај нема да дозволам да бидат предизвикани провокации и да дојде до несакани настани. Постигнавме согласност дека се ќе биде во најдобар можен ред и нема да дозволиме некои луѓе и закани да го разгорат огнот меѓу двата народи. Целта е да се одржи тоа чествување на еден великан како Гоце Делчев, а не да биде место каде ќе се распалуваат огнови“, порача Демерџиев.

Одбележувањето на годишнината од раѓањето на револуционерот Делчев е нов предизвик во односите меѓу соседните земји, кои во изминатиот период повторно се затегнати поради инцидентот со случајот „Пендиков“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи