„Prilep OUTLET Weekend“, попусти и до 70% на секое чоше во прилепската чаршија на 17-ти и 18 февруари. Во овој настан се вклучени над 200 продавници како бутици за облека и обувки, детски бутици, парфимерии, кафетерии, продавници за бела техника, и многу други, а добредојдени се сите останати трговци и угосители во Прилеп.
Идејата на локалната самоуправа, како организатор на настанот, е Прилеп тие два дена да претставува огромен шопинг центар на отворено, каде купувачите од сите градови на Македонија ќе уживаат во попустите до 70%, но и да се забавуваат преку различните содржини кои ќе им бидат понудени и ќе се случуваат во старата прилепска чаршија кај Саатот, во центарот на Прилеп на плоштадот „Методина Андонов –Ченто“ и на плоштадот „Итар Пејо“, а за најсреќните купувачи има обезбедено и вредни награди.
ИЗВОР: СИТЕЛ