Прилеп еден од двата градови во Макединија каде би можело да има избирачки места за бугарските избори

Работната група во рамките на бугарското Министерство за надворешни работи, по предлог на бугарскиот конзул во Битола, ги избра Прилеп и Кавадарци да бидат двете избирачки места во државава кои би биле отворени за време на изборите кои треба да се случат во Бугарија на 2 април.

Овие 2 градови во Македонија доаѓаат како замена за гласачките места во одморалиштата во Грција и Турција, бидејќи не се очекува на денот на гласањето таму да има бугарски избирачи.

Вкупно 34 земји дале дозвола за отворање на гласачки места и одржување избори на нивна територија за време на изборите во Бугарија, а бугарското МНР ја информирало Централната изборна комисија дека теоретски е можно да има избирачки места во 136 земји.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи