На 14.02.2023 околу 18.45 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Р.М.(63) од Прилеп.
Околу 18.10 часот, по претходна расправија со А.М.(28) и Б.М.(38), двајцата од Прилеп, тој од пиштол испукал во земја, а со пиштолот му се заканил на Л.П.(27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели. Според пријавеното, А.М. и Л.П. успеале да му го одземат пиштолот „Застава М-70“ калибар 9 мм.
Увид бил извршен, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка. Во полициска станица бил извршен службен разговор и биле задржани А.М., Б.М. и Л.П.. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.