44 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, двајца возачи без лиценца

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во текот на вчерашниот ден (15.02.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани две кривични дела по член 284-а од Кривичниот законик за возење без соодветна лиценца. Констатирани се 44 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед било упатено 21 возило.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци