Во прекрасна атмосфера помина првиот Prilep Outlet Weekend кој што се случи на на 17 и 18 февруари. Доказ за тоа беше огромната посетеност на старата чаршија и централното градско јадро од голем број на посетители, како од Прилеп, така и од останатите градови во Македонија. После подолг период чаршијата го врати стариот сјај, духот на градот оживеа низ нејзините сокаци.
За таа цел, како и добивање на реални инфромации од терен, за подобрување на квалитетот на овој настан во иднина организџаторите направија анонимна анкета која може секој да ја пополни и да даде своја оценка за настанот и предлози за негово надоградување во иднина.
Анкетата може да ја најдете ТУКА.