Денеска (23.02.2023) во 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(34) од Прилеп. Тој бил фатен при извршување тешка кражба во подрумски простории во куќа на ул.„Рајко Жинзифов” во Прилеп и кај него биле пронајдени одземените предмети, како и предмети со кои го извршил делото.
Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.