Мирчески: Сојузот на земјоделски здруженија е партиска инсталација и главен виновник за уништување на тутунопроизводството


По свадба тапани! Почитувани тутунопроизводители, Сојузот на земјоделски здруженија кој е партиска инсталација и вештачка творба формирана во 2019 година поради чисто лукративна природа и цел, чиј негативен резултат е видлив во последните неколку години и со кого тутунопроизводителите се доведени до раб на егзистенција и уништување на оваа важна стопанска гранка во држвата и кој допринесе за зголемено и масовно иселување на производителите на тутун и воопшто на земјоделците, денес со јавен повик ги повика тутунопроизводителите да не склучуваат договори со откупувачите. Вели во својата реакција координаторот на новоформираните тутунски здруженија Игор Мирчески.

„Па оттука легитимно се поставуваат следниве прашања и констатации: Господа од Сојузот на земјоделски здруженија и почитуван претседател Менде Стомнароски, откако го преспавте и премолчивте периодот на прибирање на податоци од страна на откупните компании со што откупувачите веќе се обезбедија со кп броеви не мислите дека веќе штетата е направена, или бевте презафатени во делење на парите заработени од потта на тутунарите?

Не мислевте дека до сега како Сојуз требаше бурно да реагирате, пред тутунарите да ги дадат своите податоци на компаниите или свесно чекавте да заврши оваа процедура па сега само со една изјава во проформа да се исперете од одговорност?

Почитувани од СЗЗ, доколку мислите дека со ова соопштение вие сте си ја покриле вашата неспособност да ги убедите откупувачите да ги поткренат цените по класи и сте успеале да ја префрлите вината врз тутунарите за се она што ќе случува во оваа реколта искрено се лажете.

Затоа гледајќи ве дека не знаете како да им помогнете на тутунарите еве ви еден бесплатен совет: Доколку сакате навистина да им помогнете на тутунарите и да ја намалите штетата која вие ја предизвикавте со вашето молчење и незнаење сега ви останува единствено да го повикајте премиерот и министерот за земјоделие кои самите тврдат дека имаат моќ да ги поткренат цените на класите, тоа и да го направат а се друго е само замајување на тутунарите“, вели Мирчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи