Жителите на улицата „Никола Карев“ која се наоѓа веднаш позади Здравствениот дом во Прилеп се жалат дека секој ден улицата им е преплавена од исфрлени опаковки од лекот трамадол. Познато е дека овој лек се зема и како психотропна супстанција, од страна на дел од зависниците. Жителите се плашат за својата безбедност како и за безбедноста на својот имот. Само денеска по улицата можеа да се видат над 20-тина опаковки од овој лек.
Жителите ги повикуваат надлежните да реагираат под итно. Велат дека не знаат кој ги фрла и каде истите се конзумираат, но бараат да се открие и на каков начин се стигнува од аптеките до овој лек и дали некои аптеки истиот го издаваат и без рецепт препишан од матичен лекар.
ж