Светле Маркоска го освои првото место на 20-тата по ред „Вешта жена“ во Прилеп


Светле Маркоска со тема на масата „Индија“ го освои првото место на годинешната манифестација „Вешта жена“ која по 20-ти пат се одржа во Прилеп во ресторанот Центар. Ова е прво учество на Маркоска на „Вешта жена“. На манифестацијата присуствуваа 200 гости.

 

Награди освоија и :

Сузана Мицаноска, со тема „Нов живот“, која учествува 3 година по ред

Соња Шијакоска, тема на масата „Љубов“, која учествува 2 година – награда за убава декорација на масата маса број 2

Ане Ристеска со тема на масата „Моја бајка“, која исто така учествува 2 година по ред на манифестацијата. Маса број 3

Гран при наградата ја освои Менче Костоска со тема на на масата „Фамилијарна љубов“.

„Навистина сме задоволни што после подолг период повторно имаме една масовност на манифестацијата „Вешта жена“ во Прилеп каде присуствуваа 200 гости. Сите натпреварувачи добија награди, а со глава награда и победник на на манифестацијата која беше изгласана и од жирито и од гопстите е Светле Маркоска. Се заблагодарфуваме и на спонзорите за лотаријата, компанијата Комфи Ангел, цвеќари и фризерските салони“, истакна Васе Цветкулеска Митреска, дел од организацијата на „Вешта жена“ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи