Украдени 54 сообраќајни знаци во прилепско, ниту еден не е пронајден

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Масовно исчезнуваат сообраќајните знаци од магистралните и регионалните патишта во прилепско. Во последните четири месеци украдени се 54 знаци, односно од магистрален пат А3 Прилеп – Тополчани биле одземени 17 сообраќајни знаци, од регионален пат Прилеп-Македонски Брод биле одземени 26 сообраќајни знаци и од регионален пат Прилеп – Крушево биле одземени 11 знаци.

Од „Македонија пат“ велат дека покрај тоа што претпријатието трпи штета поради ваквите постапки, се загрозува и безбедноста во сообраќајот, бидејќи се крадат секакви знаци, од информативни табли и насочници, па се до знаци како забрането претекнување или регулирање на дозволена брзина.
Дали знаците се крадат од лукративни причини, односно поради материјалите од кои се изработени, или пак постои друга причина треба да утврди истрагата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци