ВИДЕО – Нема ленти и глукомери за дијабетичарите, на позитивна листа не се става новата таблетарна терапија, ниту сензорите за мерење


Во моментов има недостиг на ленти за мерење на дијабетис од типот 2, а на лицата болни од дијабетис тип 1 им се даваат само по неколку ленти. Веќе 3 месеци немало ниту глукомери за мерење на шеќерот. Додека пак државата со години немала слух ниту за новата иновативна таблетарна терапија да ја стави на позитивната листа, па едно лице со дибаетис тип 2 мора месечно да одвои за лекови и до 50 евра. Овие проблеми дополнети со честите кризи на недостиг на инсулин, крајно негативно влијаеле врз дијабетичарите во Македонија.

Toa значи инфаркти, мозочни удари, кетоцитози, дијабетични стапала, ретинопатии, како се одложува лечењето или третманот веднаш имате компликација на краток рок. На долг рок имаме одлевање на пари во боледувања, исплата на трошкови за лечење на тие луѓе, наместо да ги набавиме посовремените и редовно и континуирано да им се даваат“, кажа Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Исто така државата не ги става на позитивна листа ниту сензорите за континуирано мерење на гликемија за младите и децата дијабетичари, чиј број бил во пораст после ковид пандемијата. Овие сензори скоро секаде веќе се нормална пракса.

За децата да избегнат по 10 пати да си ги боцкаат прстите, односно само со читач да можат да поминат преку рамото и да видат колку им е гликемијата, им обезбедуваат безбеден престој на нашите дечиња во градинка, во училиште, мирни ноќи на спиење, бидејќи ако детето не носи сензор ние родителите сме должни да ги местиме аларамите на нашите телефони на секои 2 часа да не будат за да им измериме гликемија за да не се случи она најлошото“, рече Наташа Деспотовска Димитриевска, родител на дете со тип 1 и претседател на Баланс МК, Асоцијација на детски дијабетис.

Токму за заштита на правата на дијабетичарите во Прилеп се формираше ново здружение „Сина Револуција“.

Ова ново здружение „Сина револуција“ ќе се залага претежно за едукација како на самите дијабетичари, така и на професионалните медицински лица“, вели Менде Цветкоски, претседател на здружение „Сина Револуција“ од Прилеп.

За прв пат кај нас од 1 март се отворило и онлајн советувалиште за лица со дијабетис, органзирано од клиничката болница за ендокринологија.

Да се едуцира населението од стручни и компетентни лица, бидејчи ако се научи дијабетот, само тогаш може да се менаџира“, додаде Душанка Атанасоска претседател на здружение на дијабетичари на Битола.

Во Македонија има 116.000 лица со дијабетис од кои 45.000 се на инсулинска терапија, од нив 600 деца и млади до 18 години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи