Од следниот месец зголемување на пензиите за 8.4%

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се  предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за пресметката на усогласувањето  на пензиите се зема растот на трошоците на живот и растот на просечната плата. Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет ќе растат и пензиите. Усогласувањето на пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во висина од 50%.

Пензијата согласно новата Методологија,  се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.

Усогласувањето на  Септемвриските пензии  кои се исплатија со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот односно усогласувањето  беше во  висина од 6.8%, (порастот на плати 6,6% а порастот на трошоци за живот 6,9%) со што просечната  пензија од 16.348 денари се зголеми на 17.666 денари.

Усогласувањето на Мартовската пензија согласно методологијата ќе се зголеми за 8,4 % (пораст на плати 6,1  и пораст на трошоци за живот 10.6%)  со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци