Министерот за економија, Крешник Бектеши смета дека има грешка во пресметката на минималната синдикална кошничка и поради тоа утре ќе побара средба со Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
„Утврдено е од моите советници дека има утврдено грешка во утврдувањето на минималната кошничка. Можеби е ненамерна или техничка грешка дека таа изнесува 50.000 денари. Кошничката не надминува 43.000 денари согласно методологијата што била претходно. Двапати се калкулира од август наваму со инфлацијата во методологијата и во сите елементи кои беа наведени во претходната методологија“, порача денес Бектеши.
Според податоците што на 7 март ги објави ССМ, за да ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство во февруари му биле потребни 50.909 денари.